И Холандија пресилна, втор убедлив пораз за македонските ракометари

Од:

Македонската ракометна репрезентација шансата за пласман во втората фаза од Светското првенство ќе ја бара во завршната рунда од групниот сегмент откако го доживеа и вториот пораз во прелиминарната рунда. Нашите ракометари загубија од Холандија со 34-24 во дуелот од вторто коло. Во вторник против Аргентина ќе се борат да не бидат последни и да отат во вториот натпреварувачки сегмент на Шампионатот.

Холндија беше доминантна во првите 30 минути на полувреме замина со високи 18-11. Во вториот дел, македонската репрезентација имаше добар период и успеа да намали на четири негатива на која беше неколкупати во средината од полувремето. Но, по 45. минута Холанѓаните повторно ја презедоа комплетната контрола и брзо направија предност од девет гола која до крајот само рутински ја одржуваа.

Каи Смитс со 10 гола ја предводеше Холандија до победата. Филип Кузмановски и Жарко Пешевски со по четири гола беа најефикасни кај нас. Дејан Манасков и Никола Костески постигнаа по три гола.

За нашата селекција ова е втор висок пораз. Во првото коло загубија од Норвешка со 39-27.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП