И Грузија направи сензација и ја елиминираше Франција во осминафиналето на Евробаскет 2025

Од:

Кошаркарската репрезентација на Грузија направи уште една голема сензација на Евробаскетот со елиминирање на селекцијата на Франција во осминафиналето, а на крајот беше 80:70 во корист на Грузија.

Грузија одигра одлично прво полувреме во кое водеше речиси цело време, а на полувреме замина со водство од 38:37.

Во третата четвртина, Франција сепак успеа да го сврти резултатот, но не и да го скрши отпорот на Грузија, која пред последните десет минути од играта +4 (58:54).

Грузија поведе со 63:54 во последната четвртина, но тоа не беше крај. Три минути пред крајот, Франција израмни на 68:68.

Сепак, Болдвин и Шенгелија постигнаа важни кошеви во одлучувачки моменти и на крајот ѝ донесоа голема победа на Грузија.

Болдвин и Шенгелија ја предводеа Грузија со по 24 поени, додека Мамукелашвили додаде 14 поени.

Во Франција, најефикасни беа Франциско со 14 и Јабуселе со 12 поени.

Во четвртфиналето, Грузија ќе игра против финската репрезентација, која исто така направи сензација синоќа и ја победи репрезентацијата на Србија.

Би можело да ве интересира

Турција ја „згази“ Грција во полуфинале на Евробаскет

А1он

Германија е прв финалист на Евробаскетот

А1он

За пласман во четврт-финале грузиските кошаркари ќе поделат 948.000 евра

А1он

ВИДЕО: Дончиќ шоу на Еуробаскет, со 42 поени против Италија ги одведе Словенците во четвртфинале

Драма пред кошаркарскиот натпревар Србија – Финска, дојава за бомба, вонредна состојба и блокада на салата

А1он

(ВИДЕО) Босанскиот коментарот Един Авдиќ во наплив на емоции по пласманот на БиХ во нокаут фаза на Евробаскет

А1он