Хрватската ватерполо репрезентација се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, откако денеска во четврт-финалето ја совлада Шпанија со резултат 10:8 (2:0, 4:3, 2:2, 2:3. ).
Најефикасни во хрватската репрезентација беа Лорен Фатовиќ, Маро Јоковиќ и Константин Харков кои постигнаа по два гола.
Во шпанската селекција најдобри беа Алберто Мунариз, Алваро Гранадос и Бернат Санахуја кои по два пати се запишаа во листата на стрелците.