Машката ватерполо репрезентација на Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство, бидејќи денеска во Доха во полуфиналето по подобриот настап на изведување пенали ја совлада селекцијата на Франција со вкупен резултат 17:16.
Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник, 11:11.
Во сабота од 15 часот и 30 минути Хрватска во финалето на Светското првенство игра против Италија, која претходно денеска во првото полуфинале ја совлада Шпанија со 8:6.