Гвардиола за Силва: Сакам да остане, но мене никој ништо не ме прашува

Од:

Бернардо Силва е еден од клучните играчи на Манчестер сити во последните години. Во последно време се почесто се зборува за негово заминување во Барселона до крајот на преодниот рок.

Пер Гвардиола, менаџерот на Сити, нема дилеми околу односот со Силва.

„Сакам да остане. Тој е посебен играч, сите го знаат тоа. Сепак, мене никој ништо не ме прашува. Останува само да почекаме и да видиме каков ќе биде исходот“, изјави Гвардиола.

Сити веќе се изјасни дека доколку дојде понуда која ќе ги задоволи и клубот и Силва, Португалецот може да замине. Интересно е што Силва не беше стартер на ниту еден од претходните два премиерлигашки натпревари.

Наводно Сити за Португалецот бара 100.000.000 евра, но во Барселона биле оптимисти дека ќе го добијат за значително помала сума, за 60.000.000 евра плус одредени бонуси.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Флик втор месец по ред е најдобар тренер во Ла Лига

А1он

(ВИДЕО) Срам за Реал Мадрид на Ел Класико: Барселона им го сервираше едно од најголемите понижувања во историјата

А1он

Јамал: Целта ми е да бидам легенда на Барселона, не одам никаде

А1он

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

Фудбалерите на Барселона го победија Ваљадолид со резултат 7:0

УЕФА ја казни Барселона поради нацистички поздрави и расизам