Гркот „го изневери“ Ѓоковиќ: Федерер е ГОАТ

Од:

Честа контроверзност во тениските кругови е кој е најдобриот тенисер на сите времиња. Стефанос Циципас откри кој е тоа за него.

Гркот верува дека тоа е Роџер Федерер, иако Новак Ѓоковиќ е, според речиси сите параметри, најдобриот што некогаш држел рекет и топче во рака.

Грчкиот тенисер истакна дека не го интересира бројот на Гренд слем титули.

– Мојот ГОАТ е Роџер Федерер. Секако, ми е јасно дека тој не е играчот со најмногу Гренд слем титули и тоа не ме интересира. Она што ме интересира е влијанието што го имаше врз тенисот, но и врз спортот, глобално. Би го споредил со Мајкл Џордан. Мислам дека имав голема среќа што го споделив теренот со него – рече Циципас.

Двајцата одиграа пет натпревари еден против друг, а резултатот беше 2:2. Еден дуел беше одигран на Лејвер Купот, кој не е вклучен во статистиката.

– Веројатно беше едно од највеличествените искуства во мојот живот, да излезам на теренот и да играм против него – рече Гркот.

Кога станува збор за тенисерки, Циципас немаше дилема ниту таму.

– Што се однесува до тенисерките, би рекол Серена Вилијамс. Она што го постигна е извонредно. Нејзината приказна е единствена и навистина ја ценам неизмерно. Таа има голем шарм и присуство, разговарав со неа неколкупати и, секако, тренирав со неа – заклучи Циципас.

Да потсетиме дека Новак Ѓоковиќ освои 24 гренд слем титули, Рафаел Надал застана на 22, а Роџер Федерер има 20.

Би можело да ве интересира

Избрани 20 најдобри тенисери на сите времиња

А1он

Циципас беше неочекувано елиминиран од Ролан Гарос во второто коло