Антоан Гризман е јунакот на репрезентацијата на Франција, која попладнево со пресврт ја совлада Република Ирска и се пласира меѓу осумте најдобри на ЕУРО 2016.
Домаќините се до 58. минута беа во негатива, бидејќи Роби Бреди уште во втората минута од пенал и донесе водство на Република Ирска.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид стапи на сцена во период од 58 – 61.минута. Тој двапати ја погоди мрежата на противникот и го најави триумфот на „триколорите“.
Ситуацијата за Ирците стана уште потешка и изгубена по директниот црвен картон на Шејн Дафи во 66.минута.
Франција е четвртиот четвртфиналист на ЕП, претходно учество во следната фаза обезбедија: Португалија, Полска и Велс.
Уште два натпревара од осминафиналето се играат до крајот на денот. Двојките се:
Германија – Словачка и
Унгарија – Белгија.
Четвртфиналната листа ќе биде комплетирана утре по средбите:
Италија – Шпанија и
Англија – Исланд.