Гонзалез: Гостувањето кај ПИК Сегед ќе биде најтежок натпревар досега

Од:

Македонскиот и актуелен европски првак Вардар в сабота на 7 октомври го очекува нов меч во ракометната Лига на шампиони.

Во рамките од четвртото коло на А групата, Вардар гостува во Унгарија кај тимот на ПИК Сегед, тим против кој црвено-црните имаат четири победи во низа во досегашните шест меѓусебни дуели во кои Унгарците само еднаш се радувале и тоа во 2004 година.

Сепак тренерот на вардарци Раул Гонзалез смета дека дуелот против ПИК Сегед ќе биде најтешкиот досега за европскиот шампион, кој сезоната ја започна со три победи во елитното натпреварување.

– Секогаш кога се игра против ПИК Сегед е тешко. Така ќе биде и овојпат. Нивниот тренер е навистина добар и тие играат со многу тактика. Досега двапати победивме во Сегед во Лигата на шампионите. Очекувам најтежок натпревар за нас досега. Ако сакаме да успееме мораме да одиграме најдобро, да се подобри нападот. Имаме доверба во нас, бидејќи сме прво место, но мора да се вратиме во добра кондиција. ПИК Сегед е најголем противник. Мора да се браниме добро, изјави Гонзалес.

Сезонава Вардар има проблеми со повредите, па ретко на кој натпревар Гонзалез можеше да сметаме на комплетен состав. Извесно време на листата на повредени беа Милиќ и Карачиќ.

– Очекувам во Унгарија да патуваме сите, не знам како ќе биде Карачиќ. Тој не тренираше долго време. Знам дека ако некој не тренира тешко е потоа да игра добро, но секогаш верувам во тимот што е на терен, додаде Гонзалез.

Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Вардар ќе се игра во сабота во терминот од 17 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска