Голманот на Интер удри старец во инвалидска количка

Од:

Шпанскиот голман на Интер – Хозеп Мартинез, беше вклучен во тешка сообраќајна несреќа во градот Фенегро, недалеку од Комо, во која животот го загуби 81-годишен маж во инвалидска количка, објавија италијанските медиуми.

Трагедијата се случила утринава околу 9:30 часот, во близина на тренинг центарот на миланскиот клуб.

Според првите извештаи, маж, од сè уште непознати причини, преминал на спротивната лента од патот, во моментот кога поминувал автомобилот управуван од Мартинез.

Итните служби брзо пристигнаа на местото на несреќата, но и покрај напорите на лекарите, човекот не преживеа.

Италијанските портали наведуваат дека е можно жртвата претходно да била болна, што довело до кобниот момент.

Мартинез, кој летово пристигна во Интер од Џенова како резерва на швајцарскиот голман Јан Зомер, не го коментираше инцидентот, а истото го направи и клубот од Милано.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Меси со два гола ја потврди златната копачка во МЛС

А1он

Фудбалер на Интер остана заробен во пеколот во Иран

А1он

Кристијан Киву се враќа на „Џузепе Меаца“ – Романецот нов кормилар на Интер

А1он

Интер не смее да преговара со него – Фабрегас останува тренер на Комо

А1он

Фудбалерите на ПСЖ го „прегазија“ Интер во финалето на Лигата на шампионите

Горан Наумовски

Двапати гo победи ракот и алкохолизмот, падна на допинг тест, па даде гол против Барселона за финале на Интер во ЛШ

А1он