Голем скандал во тенисoт: Играчи продавале гем за 400 евра, меч за 2.000 евра

Од:

Тенискиот свет моментално го тресе голем скандал со наместени натпревари.

Според францускиот „Тим“ ова е веројатно најголемиот ваков скандал во историјата на тенисот.

Властите истражуваат 375 натпревари одиграни помеѓу февруари 2014 и јуни 2018 година, а тие натпревари се поврзани со 181 тенисер.

Главниот човек на операцијата наводно е 32-годишниот Григор Саркисјан, познат како „Мајстор“, мафијаш поврзан со ерменската мафија.

Тој е обвинет за поткуп на тенисери и местење натпревари.

Во најголем дел од натпреварите учествуваа тенисери кои беа под 200. место на АТП-листата, односно оние кои заработија доволно малку за теоретски да бидат убедени дека треба да договорат меч за мала сума.

Споменатиот Ерменец по апсењето по овие обвиненија веќе одлежа осум месеци затвор, а беше присутен и на неодамнешното продолжение на судскиот процес во Белгија.

Француските играчи Мик Лескур и Жил Окала, тенисери за кои веќе беше потврдено дека биле дел од мрежата за наместени натпревари, се суспендирани од декември.

Во јавноста се објавени и тарифите за местење.

Така, сите осомничени во оваа афера добиле по 400 евра за загубен натпревар во поединечен натпревар, а 2.000 евра за загубен натпревар во парови во два сета.

Најголемата сума што била поделено по натпревар е околу 3000 евра.

Наводно, на сметките на главните луѓе на операцијата во период од две години поминале вкупно околу осум милиони евра.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Мелбурн има нова кралица, Медисон Кис сензационално го освои Австралија Опен

А1он

По Ѓоковиќ се бунтува и Шелтон: „Малку сум шокиран“

Закажан терминот за полуфиналето Ѓоковиќ-Зверев

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи