Голем интерес за турнирот „Шах без граници“

Од:

Повеќе од 150 шахисти од десет земји досега се имаат пријавено за настап на првиот меѓународен шаховски турнир со мото „Шах Без Граници” кој се организира во сеќавање на македонскиот шаховски доајен Тодор Митров – Тиката.

Турнирот ќе се игра в недела (8 ноември) со почеток од 10 часот, во хотел „Александар Палас“ во Скопје.

Овој шаховски ден и настан е подржан од Македонскиот Олимписки Комитет, како и од Шаховската федерација на Македонија, а е во техничка организација на Шаховски сојуз на Град Скопје. Покровител е семејството на Тодор Митров Тиката. Настанот е со тенденција да стане традиционален турнир.

Меѓународниот карактер како и главното мото “Шах Без Граници” на овој настан има за цел да ја промовира Македонија преку спортот, а исто така е во насока на промовирање на шахот и спортот во Македонија.

– Покрај промоцијата на нашата земја, сакаме да ја инспирираме младата генерација да го развива интелектот и креативноста преку шахот и спортот воопшто. Младите се иднината на секоја земја, така и ние заедно да се заложиме и придонесеме за нашата идна и здрава Македонија, велат од организациониот одбор.

Наградниот фонд на турнирот е 300.000 денари. Парични награди ќе добијат најдобрите 14 шахисти, а специјални награди исто така во паричен износ се обезбедени и за шахисти во неколку помлади категории и со понизок рејтинг.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ