Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра одличен меч за Штутгарт во триумфот против Валенсија (5:2). Тој постигна гол и забележа две асистенции.
Крилниот играч на Штутгарт асистираше за головите на Силас и на Переа, а во 90.минута и сам успеа да ја затресе мрежата на шпанскиот прволигаш.
По враќањето во Штутгарт, откако минатата сезона ја мина на позајмица во Шалке 04, Дарко Чурлинов е максимално мотивиран да докаже дека заслужува да добие сериозна минутажа во тимот за претстојната сезона.
Извор: Топспорт