ГН на Катар: Ботас најбрз на вториот тренинг

Од:

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, беше најбрз вечерва на вториот тренинг пред неделната трка во Формула 1 за Големата награда (ГН) на Катар.

Ботас оствари време од 1:23.148 минути, што беше за 0,209 секунди побрзо од постигнувањето на второпласираниот возач на Алфа Таури, Пјер Гасли.

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен беше трет со 0,350 секунди зад Ботас, додека актуелниот првак Луис Хамилтон го освои четвртото место со 0,422 секунди заостанување зад својот тимски колега.

Третиот тренинг е на програмата утре напладне, по што следуваат квалификациите за трката за Големата награда на Катар, чиј старт е закажан за в недела со почеток од 15 часот.

На три трки пред крајот на шампионатот, Макс Верстапен е во водство со 14 бодови предност пред Хамилтон.

Би можело да ве интересира

Ботас победник на трката за Големата награда на Турција