Глеб: Никогаш порано толку многу земји не купиле преноси од првенството на Белорусија

Од:

Легендата на белорускиот фудбал, поранешниот играч на Арсенал и Барселона, Александр Глеб, кажа дека во светот постои голем интерес за националното првенство во неговата татковина.

– Сите читаме, слушаме светски вести, разбираме што се случува. Ние ја следиме ситуацијата. Досега е решено да се продолжи првенството. Понатаму, ќе се види како се развива епидемиолошката состојба во земјата. Тешко ми е да додадам нешто овде. Само ќе кажам дека како никогаш досега толку многу држави откупија преноси од фудбалскиот шампионат на Белорусија, изјави Хлеб.

Во Белорусија, некои играчи, навивачи, новинари веќе повикуваат на прекин на првенството, но тоа досега не се случи. Оваа е една од ретките земји во светот каде се одржуваат спортски настани и покрај прогласената пандемија на коронаворус.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина

Лукашенко: Десет системи „Орешник“ ќе бидат распоредени во Белорусија

Пожар во трговски центар во Белорусија, најмалку 12 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Лукашенко помилува 29 лица осудени за екстремистички злосторства

Горан Наумовски

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија