Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна ВТА турнирот што се игра во Хрватска на Бол на Брач за награден фонд од 115.000 американски долари. Таа беше поуспешна од домашната тенисерка квалификантката Ана Бискиќ со 2:0 во сетови. Ѓорческа двата сета ги доби со 6:1 и 6:1 во гемови.
Во следното коло нашата тенсиерка ќе игра со победничката од мечот меѓу Ивана Јоровиќ од Србија и Кристина Куцова од Чешка (седми носител).
Ѓорческа ќе настапи и во конкуренција на двојки заедно со Алекснадрина Најдевова од Бугарија во првото коло ќе играат против хрватските тенисерки Ана Бискиќ и Ани Мијацика.