Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на најновата ВТА листа објавена денеска има скок од 30 позиции со 7 поени освоени во финалето минатата недела на фјучрсот во Тунис. Ѓорческа сега има вкупно 73 поени и се наоѓа на 468.место што е нејзин најдобар резултат.
Треба да се напомене дека Ѓорческа и на следното рангирање ќе има скок, бидејќи ќе и бидат впишани новите 9 поени, од полуфиналето од фјучрсот во Сараево.
На врвот на ВТА листата нема големи промени, па така и покрај раната елиминација Серена Вилијамс и На Ли се и натаму водечки.
Финалистката на Ролан Гарос, Симона Халеп направи скок од едно место и сега е на третата позиција пред Агнешка Радванска, додека победничката од Париз Марија Шарапова се проби во ТОП 5.