Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло од квалификациите на Ролан Гарос ќе игра против Квирин Лемоине од Холандија. Нејзината противничка се наоѓа на 160.то место на ВТА листата и оваа година имаше настап во 1.коло на Австралија опен во Мелбурн.
Лемоине е противничка со приближно ист ранг на Ѓорчекска (171.место) и има вкупно 334 поени. Во 2017 година имаше и едно финале на фјучрсот во германскиот град Алтенкирхен.
За нашата тенисерка Лина Ѓорческа ова трет настап во квалификации на еден Грен Слем турнир, откако најпрвин играше на УС Опен во Њујорк, а потоа и на Австралија Опен во Мелбурн.