Ѓорческа финалистка на фјучрс во Франција

Од:

Лина Ѓорческа ќе игра во финалето на фјучрсот во францускиот град Денен, откако денес во полуфиналето ја совлада Менон Арканжоли со 2-0.

Македонската тенисерка го доби првиот сет со 6:3, а во вториот беше поуспешна со 6:4.

Ѓорческа која е прва носителка на турнирот полуфиналниот меч го реши во своја полза за еден час и 16 минути игра.

Противничка на Ѓорческа во финалето закажано за утре во 15 часот ќе биде Мари Осака од Јапонија.

Турнирот во Денен е со награден фон од 25 илјади долари.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест