Ѓорческа елиминирана во второто коло на ВТА турнирот во Хрватска

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во поединечна конкуренција на ВТА турнирот во Бол откако попладнево загуби од Ивана Јоровиќ од Србија со 2-1 во сетови. Нашата тенисерка немаше сили за пресврт против поискусната противничка.

Првиот сет Јоровиќ го доби со 6:4 во гемови, а во вториот имаше водство од 5:2, но Ѓорческа направи серија од пет гема по ред и го доби сетот со 7:5. Во решавачкиот сет Ѓорческа поведе со 1:0, но потоа Јоровиќ се врати и со 5:1 во серија го доби сетот со 6:2. Мечот траеше 2 часа и 15 минути.

За пласманот во второто коло Ѓорческа ќе добие 15 поени.

Нашата тенисерка утре во четвртфиналето со Александрина Најденова од Бугарија ќе играат против Јоровиќ и Елица Костова од Бугарија.

Би можело да ве интересира

Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Истанбул

Наум Локоски

Ѓорческа поразена во второто коло во Подгорица

Наум Локоски

Јотовски напредуваше три места, Ѓорческа падна за две

Наум Локоски

Јотовски напредуваши три места, а Ѓорческа со нов пад за две места

Наум Локоски

Ѓорческа со пад од 16 места, Јотовски напредуваше три позиции

Наум Локоски

Победа за Јотовски во двојки, Ѓорческа предаде поради повреда

Наум Локоски