Ѓоковиќ и Дибаба најдобри спортисти на светот

Од:

Тенисерот Новак Ѓоковиќ и атлетичарката Гензебе Дибаба се прогласени за најдобри спортисти на светот за 2014 година.

На свечената церемонија на спортската фондација „Лауреус“, одржана во Шангај, светските спортски легенди ги избраа најдобрите спортисти за минатата година.

Кај мажите, најдобриот тенисер на денешницата Новак Ѓоковиќ од Србија, доби најмногу гласови во конкуренција на фудбалерот Кристијано Роналдо, Формула 1 шампионот Луис Хамилтон, мотоциклисот Марк Маркез, атлетичарот Рено Лавилениe и голф играчот Рори Мекилрој.

За Ѓоковиќ ова е вторo признание од „Лауреус’’, откако првпат беше прогласен за најдобар спортист во светот во 2012 година.

Кај дамите, признанието и припадна на Гензебе Дибаба, атлетичарката од Етијопија, која минатата година за само 15 дена собори три светски рекорди во три различни дисциплини. Со тоа, Дибаба, стана само третиот атлетичар во историјата со такво достигнување, по легендарниот Американец Џеси Овенс и најбрзиот атлетичар во светот Усеин Болд. Конкурентки на Дибаба за признанието и беа: тенисерките Серена Вилијамс и На Ли, атлетичарка Валери Адамс, скијачката Тина Мазе и крос-кантри скијачката Марит Бјерген.

Фудбалска репрезентација на Германија, која је освои титулата светски шампион на Мундијалот во Бразил, го понесе признанието за најдобар тим за 2104.

Првпат годинава церемонијата на доделувањето на наградите „Лауреус’’ се одржа во кинескиот град Шангај.

Награда „Лауреус’’ се доделува од 2001 година, а во светот на спортот е највисокото можно признание, на рамниште на престижната филмска награда „Оскар’’.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето