Германскиот тенисер Александар Зверев во осминафиналето на Мастерсот во Синсинати

Од:

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Синсинати откако денес го победи Американецот Брендон Накашима со 6-4, 6-4 во третото коло.

Мечот меѓу Зверев и Накашима започна во вторник, но беше прекинат во вториот сет поради дожд. Дуелот продолжи денес, а Германецот победи по еден час и 38 минути игра.

Зверев ќе игра против Русинот Карен Качанов во осминафиналето подоцна вечерва.

Би можело да ве интересира

Гром удри во авионот во кој се наоѓаа Александар Зверев и други познати тенисери

Горан Наумовски

Зверев елиминиран во осминафиналето на АТП турнирот во Акапулко