Германска поддршка за спортот во Македонија

Од:

Германското Министерство за надворешни работи ќе донира опрема на Македонското здружение за мечување, а по налог на Германскиот олимписки спортски сојуз во Франкфурт на Мајна, експертот за мечување, Рорик Јансен, престојува во Струга, за да одржи тренинг-камп во соработка со македонскиот партнерски сојуз.

– Целта на проектот е да се поддржат развојот и професионалноста на мечувањето како спорт во Македонија, особено во дисциплината „борба со меч“ и да се поттикне подмладокот, соопшти денеска Германската амбасада во Скопје.

Донацијата на германското МНР ќе биде предадена од страна на Германската амбасада во Скопје. Станува збор за мечеви, ракавици, маски за лице и торби за опрема за мечување. Обуката за мечување експертот Јансен треба да ја одржи за време на неговиот четиридневен престој во земјава, кој завршува утре.

Проектот се реализира во соработка со Националниот олимписки комитет (МОК), стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“