Репрезентациите на Германија и на Италија го играат третото четвртфинале на Европското првенство во Франција, а само победникот ќе избори пласман во полуфиналето. Двете репрезентации на ова ЕУРО имаат по четири победи. Германија има еден нерешен резултат (Полска), а Италија еден пораз (Република Ирска).
На претходните 33 натпревари Германија има 8 победи, а Италија 15 и 10 натпревари завршиле нерешено. Германија ќе игра и против традицијата бидејќи на четирите елиминациски натпревари на големите натпреварувања четири пати загубиле од Италија.
Германскиот селектор Јоаким Лев нема проблеми со повредени и казнети играчи, додека селекторот на Италија Антонио Конте нема да може да смета на тројца играчи: Тиаго Мота (жолти картони), Антонио Кандрева и Даниеле де Роси (повредени).
Судија на натпреварот е Виктор Касаи од Унгарија, а почетокот на дуелот е во 21 часот.