Галатасарај го обвини Мурињо за расизам, најавија и кривична постапка

Од:

Фудбалскиот клуб Галатасарај го обвини Жозе Мурињо за „расистички изјави“, најавувајќи дека ќе покрене кривична постапка против тренерот на Фенербахче поради неговите коментари по натпреварот без голови меѓу двата ривали.

Иако не беше јасно на какви изјави мислеше Галатасарај, Мурињо наводно рекол дека на клупата на домаќините „скокале како мајмуни“ и дека играта ќе била катастрофа доколку судел турски судија.

Натпреварот одигран синоќа го судеше Словенецот Славко Винчиќ откако двата клуба побараа странски судија да го води натпреварот.

Галатасарај на платформата Х напиша дека Мурињо „постојано дава погрдни изјави упатени кон турскиот народ“ откако го презеде Фенербахче.

„Неговиот дискурс ескалираше надвор од обичните неморални коментари во недвосмислено нехумана реторика“, соопшти клубот.

Освен во кривичната постапка најавија и дека Мурињо ќе го пријават во УЕФА и ФИФА.

Според АП, Мурињо се пофалил со судењето на Винчиќ и рекол дека тој имал „врвна изведба“. Наводно, кога го видел четвртиот судија рекол:

„Да судевте, ќе беше катастрофа“.

Фенербахче преку соопштение на социјалните мрежи рече дека зборовите на тренерот Жозе Мурињо се извадени од контекст и намерно искривени.

Клубот тврди дека ниту еден разумен човек не можел да ги сфати овие зборови како израз на расизам, бидејќи тие, како што се вели, ја опишуваат претераната реакција на стручниот штаб на противничката екипа на одлуките на судијата за време на натпреварот.

– Обидот да се прикаже оваа изјава како расистичка е целосно злонамерен пристап. Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе ги оствариме нашите законски права во врска со оваа патетична клевета, создадена со цел да се манипулира надвор од теренот и да се создава тензија, забележуваат од клубот.

Инаку, Галатасарај е прв на табелата во турскиот шампионат со шест бодови пред Фенербахче.

Би можело да ве интересира

Словенецот Славко Винчиќ ќе ги смирува страстите на турското фудбалско дерби Галатасарај – Фенербахче

А1он

(ВИДЕО) Голем инцидент во Турција: Газдата на Фенербахче заврши со раскрвавена глава

Катерина Ѓуровски

Хорор сцени во Турција: Навивачите на Трабзон ги нападнаа играчите на Фенербахче додека славеа победа во дербито

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фудбалерите на Фенербахче и Галатасарај пречекани како национални херои во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Душан Тадиќ потпиша за Фенербахче

Предраг Петровиќ