Фудбалерот на Севиља, Маркао, суспендиран на шест натпревари поради навреда кон судија

Од:

Фудбалерот на Севиља, Маркао, е суспендиран шест натпревари поради навреда на судијата по добивањето црвен картон на натпреварот против Реал Мадрид, соопшти денес Дисциплинската комисија на шпанската Ла Лига.

Бразилецот беше исклучен во 68-та минута од натпреварот одигран на 20 декември во кој Реал Мадрид ја победи Севиља со 2-0 на домашен терен.

Маркао (29) го навреди судијата Алехандро Муниз Руиз по неговиот втор жолт картон и исклучувањето, за што дисциплинската комисија му изрече драконска казна.

Би можело да ве интересира

Диего Карлос ја заврши сезоната