Фудбалерот Љајиќ пијан предизвикал инцидент во хотел, па се заканил „сите ќе ве убијам како овци“

Од:

Фудбалерот Адем Љајиќ пијан нападнал рецепционер, па им се заканувал на полицајци, по што бил однесен во станица.

Ноќеска во белградската полиција се јавил Ненад Живковиќ (49), рецепционер во хотелот „Холидеј ИН“, кој пријавил дека бил нападнат од фудбалерот Адем Љајиќ, кој престојувал во хотелот, со тоа што влегол во рецепција, го грабнал за јака и му се заканувал дека ќе го претепа.

Според полицијата, Љајиќ (33) со друго непознато лице влегол во хотелот во видно алкохолизирана состојба. Сакале да влезат барот, но рецепционерот им рекол дека не е отворен, по што Адем влегол зад шанкот, го навредувал, па го фатил за реверите и го влечел, додека непознатото лице исто така го навредувало и му се заканувало на рецепционерот.

Кога пристигнала полицијата, во разговорот со Адем Љајиќ тој одбил да ја даде личната карта на увид, ги навредувал и им се заканувал на полицајците, поради што бил приведен во полициска станица.

Тој им се заканил на полицајците дека ќе го паметат, а по пристигнувањето во полициската станица и им се заканил со зборовите „Сите ќе ве убијам како овци“.

Би можело да ве интересира

Адем Љајиќ ќе одговара: Му се заканува затворска казна по нападот во алкохолизирана состојба

Јувентус подготвен да плати 10 милиони евра за Љајиќ