Фудбалерите со темни дресови, фалангата со црни маички за мечот на Македонија против Лихтенштајн

Од:

Фудбалската репрезентација на Лихтенштајн е првиот ривал на Македонија на стартот од квалификациите за Светското првенство 2026 година. Јасно е дека нашиот национален тим е фаворит на овој дуел, на последниот меѓусебен меч овде во Вадиц славевме со 0-4, но избраниците на Благоја Милевски ќе мора да ја потврдат својата класа на теренот.

Лихтенштајн е класилчен аутсајдер во групата со Македонија, Белгија, Велс и Казхстан, но селекторот Конрад Фунфштек се надева дека може да изненади некој од фаворитите.

„Свесни сме за нашата улога, но сакаме да бидеме незгоден противник“, изјави Фунфштек.

Тој истакна дека и за Македонија ова е почеток на нов циклус, каде што секој тим ќе треба да се пронајде.

„Ќе дадеме сè од себе, така што на крајот противникот ќе каже дека не било толку лесно како што очекувал.“

Лихтенштајн ќе настапи во комплетен состав, а ова ќе биде особено значаен натпревар за капитенот Николас Хаслер, кој против Македонија треба да го има 100. настап во националниот тим на домаќинот.

„Не ми беше целта да стигнам до 100 настапи, но сега кога сум на чекор до тоа, чувствувам голема гордост и со нетрпение го очекувам мечот“, изјави капитенот на Лихтенштајн.

Од друга страна, Вилијам Пици би можел да дебитира за националниот тим, откако минатата есен доби државјанството на Лихтенштајн.

Натпреварот помеѓу Лихтенштајн и Македонија во квалификациите за Светското првенство ќе се игра денеска, со почеток во 15 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма, пенали и прослави на домашниот тим: Босна ја демолираше Италија и се пласираше на Светското првенство

Без победник на „Авива“: Македонија и Ирска одиграа 0-0

Горан Наумовски

Без голови по првото полувреме во Даблин

Младите фудбалери ја победија Ерменија

Данска ја елиминира Македонија со 4-0, крај на мундијалските надежи

Горан Наумовски

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген