Фудбалерите на Шпанија се новите олимписки шампиони

Од:

Фудбалерите на Шпанија се новите олимписки шампиони откако во финалето по продолженијата го совладаа домаќинот Франција со резултат 5:3 (3:3).

Франција поведе на „Паркот на принцовите“ со голот на Енцо Мило во 11. минута, но потоа Шпанците за 10 минути постигнаа три гола.

Стрелец беше Фермин Лопез во 18. и 25. минута, а помошникот на Лопез за првиот гол, Алекс Баена во 28. минута од слободен удар од 20 метри.

Француската резерва Магнес Аклиус во 78. минута намали на 2:3 и со тоа донесе неизвесност во финишот на натпреварот.

На почетокот на судиското надополнување по интервенцијата на ВАР, бразилскиот судија Рамон Абате Абел досуди пенал за Франција, а Жан-Филип Матета беше прецизен од белата точка и на тој начин го испрати натпреварот во продолжение, што немаше да се случи доколку во 96 минута Бенат Туриентес ја погоди мрежата наместо гредата.

Тоа што му успеа на едниот шпански резервен играч, го направи другиот во 100. минута. Серхио Камело ја врати предноста на Шпанија со прекрасен гол по асистенција на Адријан Бернабе.

Точка на натпреварот потоа стави Камељо во 121. минута.

По поразот во финалето од Бразил на претходните Игри, Шпанија овојпат успеа да го освои златниот олимписки медал.

Сениорската репрезентација на Шпанија пред само три недели стана шампион на Европа, а пред десет дена шампион на „стариот континент“ стана и младата репрезентација на Шпанија играчи до 19 години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Најлошата натпреварувачка на Олимпијадата во Париз ќе заработи милиони како интернет сензација

Предраг Петровиќ

Во Боцвана е прогласен полудневен празник во чест на спринтерот кој воодушеви во Париз

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандалот со ОИ продолжува – Американците одбиваат да го вратат медалот

Предраг Петровиќ