Фудбалерите на Реал го шокираа фудбалскиот свет – никој нема да оди на доделување на „Златната топка“

Од:

Фудбалерите на Реал Мадрид го шокираа фудбалскиот свет, го откажаа патувањето на своите играчи на доделувањето на „Златната топка“, непосредно пред летот за Париз!

Авионот што го резервираше клубот требаше да полета во 15 часот, но поради информации добиени од француската престолнина, Реал ја сопре експедицијата во која имаше 50 луѓе.

Причината е Винисиус Јуниор, односно одлуката на УЕФА да не му ја додели „Златната топка“ на Бразилецот како најдобар играч во претходната сезона. Веста беше потврдена и од престижниот медиум „Марка“, кој е близок со Реал Мадрид.

Реал има 11 номинации, а покрај Винисиус тука беа Џуд Белингем, Феде Валверде, Тони Крос, Карвахал, Килијан Мбапе и Ридигер.

Карло Анчелоти беше номиниран за најдобар тренер, иако наградата, според информациите, ќе ја добие Де ла Фуенте.

Церемонијата за доделување на Златната топка е закажана за вечерва во Париз (20.45 часот).

Би можело да ве интересира

Искри во соблекувалната на Реал – ќе ја погоди ли Анчелоти вистинската позиција на Мбапе?

А1он

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид донираше 1 милион евра за помош на настраданите од поплавите

А1он

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

(ВИДЕО) Срам за Реал Мадрид на Ел Класико: Барселона им го сервираше едно од најголемите понижувања во историјата

А1он

Белингем го повреди мускулот на десната нога

Горан Наумовски

Мајорка го запре Реал Мадрид на стартот од новата сезона во Ла Лига