Фудбалер на Интер остана заробен во пеколот во Иран

Од:

Напаѓачот на милански Интер – Мехди Тареми, дојде во својата татковина Иран за да добие престижна награда, но не можеше ни да замисли дека овој потег ќе му го загорчи животот и значително ќе влијае на неговата кариера.

Тареми го искористи летниот период помеѓу крајот на сезоната и Светското клупско првенство за да го посети својот роден Иран, каде што беше прогласен за најдобар играч во таа земја.

За првпат оваа година, Иранците одлучија да доделат своја Златна топка наречена Тупа, а победник беше Тареми, кој остана неколку дена подолго во Техеран. Тоа се покажа како фатално за напаѓачот, бидејќи Израел започна агресија против таа земја во петокот, па воздушниот сообраќај беше целосно блокиран и 32-годишникот не можеше да го напушти Иран.

Додека останатите играчи на Интер патуваа во САД за Светското клупско првенство, Тареми остана заробен во својата земја и прашањето е дали воопшто ќе игра на Светското клупско првенство.

За да биде уште полошо за 32-годишникот, во петокот вечерта италијанскиот „Скај Спорт“ објави дека Тареми е отпуштен и дека му било кажано дека ќе го напушти Интер ова лето.

Иранецот играше брилијантно за Порто неколку години, а минатото лето пристигна на „Џузепе Меаца“ како слободен агент и беше најавен како големо засилување.

Во својата прва и најверојатно последна сезона во дресот на „нероаѕурите“, тој одигра 43 натпревари, но не го потврди статусот на главен играч, бидејќи постигна само три гола. Исто така, имаше и девет асистенции.

Би можело да ве интересира

Кристијан Киву се враќа на „Џузепе Меаца“ – Романецот нов кормилар на Интер

А1он

Интер не смее да преговара со него – Фабрегас останува тренер на Комо

А1он

Фудбалерите на ПСЖ го „прегазија“ Интер во финалето на Лигата на шампионите

Горан Наумовски

Двапати гo победи ракот и алкохолизмот, падна на допинг тест, па даде гол против Барселона за финале на Интер во ЛШ

А1он

Меси блиску до потпишување на нов договор со Интер

А1он

(ВИДЕО) Интер е на прагот од четвртфинале во ЛШ – Тирам и Лаутаро го замолкнаа Ротердам

А1он