Француската одбојкарска репрезентација се пласираше во полуфиналето, откако денеска во четвртфиналето ја совлада селекцијата на Германија со резултат 3:2 (18:25, 26:28, 25:20, 25:21, 15:13).
Најефикасен во француската репрезентација беше Ервин Енгапе со 21 поен, додека Тревор Клевено постигна 20. Во германската селекција се истакна Џерџ Грозер кој постигна 22 поени.
Франција во полуфиналето ќе игра против Италија, која претходно денеска ја совлада Јапонија.