Ракометарот на ПСЖ и на француската репрезентација, Елоим Пранди бил нападнат и избоден со нож за време на дочекот на Новата година во Париз. Поради повредите ќе го пропушти Европското првенство кое почнува за неполни две седмици.
ПСЖ објави дека Пранди во новогодишната ноќ добил неколку убоди со нож, дека е во болница, но е надвор од животна опасност.
„Клубот изразува огорченост и му дава комплетна поддржка на Елоим Пранди и на неговто семејство – се вели во соопштението од ПСЖ.
Пради поради повреди го пропушти претходните големи натпреварувања.
За Франција ова е нов голем удар откако дел од репрезентативците поради коронавирусот ја пропуштија втората фаза од подготвките и по потврдата дека поради повреди Лука Карабатиќ и Недим Ремили го пропуштаат Ев ропското првнество.