Франциско Консеисао е нов играч на Јувентус

Од:

Португалскиот фудбалер Франциско Консеисао е нов член на Јувентус, објави денес италијанскиот клуб.

Консеисао (22) играше за Јувентус во текот на сезоната 2024/25 како позајмен играч од Порто, а италијанскиот клуб објави дека издвоил 30,4 милиони евра за трансферот.

Португалскиот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 2030 година.