Фудбалскиот тренер на Барселона – Германецот Ханси Флик денеска е избран за најдобар тренер на шпанската Ла Лига за месец октомври.
Оваа информација ја пренесе Ла Лига преку социјалната мрежа Х.
Флик ја предводеше Барса до победа во сите три натпревари во првенството – дома ја совлада Севиља со 5:1, Алавес со 3:0 и Реал Мадрид со 4:0 на негов терен.
Каталонците се лидери на табелата со 30 бодови, шест повеќе од актуелниот шампион Реал Мадрид.
Освен во првенството, Kаталонците беа доминантни и на двата натпревари од Лигата на шампионите, ги победија Баерн Минхен со 4-1 и Јанг бојс со 5-0