Финални трки на 47. Илинденски меѓународен кајак слалом

Од:

Во Спортско-рекреативниот центар Матка денеска започнаа финалните трки во рамки на 47-от традиционален Илинденски меѓународен кајак слалом ИКАС 2015.

На годинешното издание на ИКАС учествуваат 150 натпреварувачи од 11 земји. Натпреварите во машка конкуренција се во три категории – К1,Ц1 и Ц2 додека во женска конкуренција во две категории – К1 и Ц1.

– Целта на Кајакарската федерација на Македонија е ова традиционално натпреварување да влезе во светската серија на бодување со што ИКАС би прераснал во натпревар од светски рамки, а со тоа би се зголемил и бројот на учесници и бројот на посетители во Република Македонија, посочи деновиве спортскиот директор на ИКАС Атанас Николовски.

Новина на годинешниот ИКАС е и развојниот камп, кој е организиран со поддршка на Светската кајакарска федерација, а започна изминатава недела. На кампот учествуваат седум држави со 30 учесници, предводени од двајца македонски тренери Огнен Бражанаски и Атанас Николовски, а координатор на целиот камп е францускиот тренер Силван Леукс.

Кампот е целосно покриен од страна на Светската кајак федерација, а Кајакараската федерација на Македонија ја понуди патеката Матка која располага со прекрасни услови за овој спорт. Целта е со вакви збиднувања Матка да биде центар на кајакарскиот спорт во овој дел од Европа.

ИКАС 2015 беше официјално отварен вчера во Конгресниот центар „Борис Трајковски“ со свеченост на која беа доделени статуетки на долгогодишните соработници и најзаслужните кајакари.

Со поддршка на Град Скопје на овој настан, ќе има организиран и бесплатен автобуски превоз за сите заинтересирани посетители кои ќе сакаат да ги следат трките на Матка.

Би можело да ве интересира

Претстојниот викенд на програмата 52. ИКАС

Ана Ололовска

ИКАС 2019 и Европски куп во спуст на диви води викендов на Матка

Ана Ололовска

На „Матка“ викендов јубилеен 50. ИКАС

Ана Ололовска

„Матка“ подготвена за јубилејното 50. издание на ИКАС

Ана Ололовска

Стоиљковиќ победник на ИКАС 2015

Емир Латифовиќ

ИКАС по 47. пат викендов на Матка

Емир Латифовиќ