Финални натпревари од Државното првенство во шах за основни и средни училишта

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев денеска го означија почетокот на финалните натпревари од Државното првенство во шах за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција што се одржува во Велес, а на кое учествуваат 120 ученици.

– Очекувам младите шахисти да ги наследат нашите шаховски олимпијци кои благодарение на големите успеси се стекнаа со Национално спортско признание кое го доделува Агенцијата за млади и спорт, рече Спасески во своето обраќање.

Тој ги охрабри младите шахисти да дадат се од себе зашто, како што посочи, победниците од ова првенство ќе учествуваат на „Училишниот спортски камп”, што се одржува секоја година под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука.
Градоначалникот Чадиев порача дека социјализацијата, дружењето и отргнувањето од пороците на модерното време се главните придобивки кои младите ги стекнуваат благодарение на шахот и останатите спортски игри.

Потоа Спасески и Чадиев се сретнаа со директорите и професорите по физичко образование од основните и средните училишта во Велес. На средбата разговараа за развојот и насоките на училишниот спорт во делот на формирањето училишни спортски клубови.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ