Филмската приказна за англиската хероина – oд операција на очите до „Златната ракавица“ на ЕП

Од:

Англиската голманка Хана Хемптон помина низ трнлив пат додека стигне до Златната ракавица“ и титулата европски шампион.

Со децении, сонот на англиските навивачи е да го вратат фудбалот дома“, но бројни генерации на Гордиот Албион не успеаја да ја остварат оваа цел.

Од друга страна, дамите од Островот, избрани од Сарина Вигман, синоќа повторно им покажаа на своите колешки од спротивниот пол како да победат.

Во големото финале на Европското првенство, Англија ја победи Шпанија по подобро изведување пенали, и со тоа ја одбрани титулата освоена пред три години на Вембли“.

Епитетот херој ѝ припадна на Хана Хемптон, девојката родена во Бирмингем која дојде по трнлив пат до победата во вчерашното финале. 24-годишната Англичанка се мачеше во текот на целата кариера со проблеми со видот, откако на рана возраст ѝ беше дијагностицирана болест на очите што влијае на перцепцијата на длабочината.

Хана Хемптон беше на работ да се откаже од фудбалот, но истраја и по бројните операции е позната како една од најдобрите голмани во светот. За жал, нејзиниот вид сè уште не е идеален, поради што ќе мора повторно да се подложи на операција.

– Мојот пример покажува дека никогаш не треба да дозволите луѓето да ви кажуваат што можете, а што не можете да правите – рече Хана Хемптон.

Колку беше добра Хана Хемптон за време на Европското првенство, јасно покажува фактот дека Англија стигна до титулата по две изведувања на пенали. Синоќа, во големото финале против Шпанија, Хана одбрани два пенали, но имаше многу помош во таа мисија.

Имено, во пресрет на изведувањето на пенали, Хана доби хартија од тренерскиот штаб со упатства како да ги брани пеналите.

Би можело да ве интересира

Гвардиола вечерва пред интересен рекорд

Ана Ололовска

Ван Дајк: Не разговарав многу со Меси, тој не знае англиски

Баркли пред нова казна поради непримерно однесување во ноќен клуб