Фиго назначен за советник во УЕФА

Од:

Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго е назначен за советник на УЕФА, објавија странските медиуми. Тој ја прифатил понудата да биде дел од тимот на првиот човек на Европскиот фудбал, Александер Чеферин.

– Откако го запознав претседателот Чеферин сфатив колку многу го сака фудбалот и неговата работа. Тој е многу сериозен во врска со она што тој го прави, а јас му се заблагодарам за можноста да соработувам со него. Кога во 1990 година почнав да играм фудбал професионално, не ни сонував дека еден ден ќе работам во УЕФА со самиот претседател, рече Фиго.

Чеферин не го криеше задоволството од соработката со Португалецот.

– Фиго беше фантастичен фудбалер. Вистински пример не само на теренот, туку и надвор од него. Огромното неговото искуство ќе биде корисно за нашиот тим, изјави претседателот на УЕФА.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри