Светската фудбалска федерација (ФИФА) пресуди дека Олимпија Љубљанa е должна да го плати целиот долг кон Роберт Просинечки.
Хрватскиот фудбалски стручњак го доби случајот пред ФИФА и Олимпија нему и на неговите соработници ќе треба да му исплатат од 250 до 350 илјади евра.
Поранешниот фудбалер и тренер на Црвена звезда беше на чело на Олимпија од март до јуни 2022 година, а бидејќи не му беа исплатени парите што ги заработи, се обрати до ФИФА.