ФФМ влезе во новата програма на УЕФА за развој на фудбалот

Од:

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја доби поддршката од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и заедно со Грузија влезе во новата програма за развој на фудбалот.

УЕФА преку своите високи претставници, Јан Лупеску и Жан Франсоа Домерк, одговорни на одделот за фудбал, остварија посета и работни состаноци со 20 национални асоцијации, а само Македонија и Грузија ја добија довербата и ќе имаат можност да работат според новата програма која заеднички ќе се имплементира според насоките на одделот на УЕФА, соопштија од ФФМ.

– Се што работи и поддржува УЕФА мора да се базира на основните вредности на Европската фудбалска асоцијација, а првиот и најважниот елемент е фудбалот на прво место. На тие принципи и ние ја базиравме нашата програма за развој на младинскиот фудбал. Ги претставивме нашите идеали за младинскиот фудбал. Претставниците на УЕФА директно беа запознаени со нашата програма, со условите и методите на работа, а најголемо внимение посветивме на „Фудбалската академија“ и плановите за зголемување на бројот на паралелки. Со овој проект ќе бидеме поблиску до остарување на нашата цел, да ги подготвиме младите за времето кое доаѓа, а „Фудбалската академија“ да претставува школа за иднина, изјави претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски.

Првиот човек на мак-фудбалот вели дека преку оваа програма ФФМ ќе го добие европското искуство за работа со млади категории, а македонските тренери ќе добијат обука во центрите на УЕФА, низ семинари и практична програма ќе ја добијат потребната едукација, неопходна за развој на младите фудбалери.

– Програмата не значи дека УЕФА ни наметнува нов начин и друга филозофија на работа, ние ја имаме „Националната програма за развој на младинскиот фудбал“ и ќе се обидеме да го оствариме зацртаното низ низ семинари на кои ќе учествуваат нашите тренери во странство и стручни луѓе кои ќе дојдат во Македонија да ја презентираат својата програма пред тренерите. Тактички, технички и физички ќе бидеме многу поподготвени со имплемантацијата на овој проект. Завршивме голема работа со обезбедените средства, се надевам на вистински начин ќе ги искористиме придобивките, а користа од тоа е само за развој на македонскиот фудбал, истакнува Ѓорѓиоски.

Целта на новата развојна програма е да се продуцираат подобри фудбалери, да се изгради правилен микс на спортска, школска и животна едукација, со што ќе се осигура квалитетен развој и технички програми.

Во таа насока е и последната набавка на исклучително важни апарати за современ мониторинг на срцева френкфенција, апарат која дава показатели во која зона и каков е степенот на оптоварување на играчите, како и времето за опоравување на играчите – програма „Активио“.

Вториот апарат „Капапулт“ ги дава сите показатели на играчите за успешноста во сите квадранти на дејствување, бројот на индивидуални додавање, вкупениот број на додавања, колку километри има поминато секој играч и во која зона, кое е неговото забрзување, акцелерација од една до друга точка и други показатели кои се исклучително битни за тренажниот процес.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ