Фестивал за алпинизам и планинарење во Демир Капија

Од:

Спортскиот клуб Клисура, во соработка со УСАИД, Фондацијата ЦЕНЕТ и општината Демир Капија организираат меѓународен фестивал за алпинизам, спортско качување по карпи, планинарење и пешачење во Демир Капија. Outdoor фестивалот Демир Капија 2015 ќе почне утре вечер, со презентација на искачувањето на хималајскиот врв Анапурна од страна на алпинистот Здравко Дејановиќ.

Во сабота ќе се организира симболична трка низ Железна порта до центарот на Демир Капија, а предвидени се и рекреативни прошетки низ центарот на градот, тврдината Просек, алпинистички натпревар и отворен час за качување по карпа, како и рок забава во вечерните часови. Во неделата за учесниците, исто така е предвидено слободно и натпреварувачко планинарење и алпинизам.

Организаторот информира дека за време на Outdoor фестивалот ќе биде отворен Музејот на виното, како и изложба на алпинистот и фотограф Зоран Мајсторски.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето