Фергусон и Раул во друштво на првиот македонски селектор Дончевски

Од:

Меѓу легендите кои ќе го следат вечерашниот Супер куп меч во Скопје меѓу Реал и Манчестер, покрај гостите од Англија и Шпанија се и легенди на македонскиот фудбал.

Првиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Андон Дончевски кој долги години живее во Австралија, секако не ја пропушти можноста да биде дел од спектакуларниот настан. На покана на Фудбалската федерација на Македонија, Дончевски беше дел од присутните кои присуствуваа на гала вечерта.

Она што за Македонија е популарниот „чичко Дончо“, за Англија е Сер Алекс Фергусон легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед. Искусните „лисци“ сигурно имаа што да разменат од своето богато тренерско минато, но и да ги искажат очекувањата за претстојниот меч. Во нивно друштво беше и легендарниот голгетер на „Кралскиот клуб“ Раул Гонзалез кој со својот поранешен соиграч Роберто Карлос се во улога на специјални известувачи за клупската телевизија на Реал Мадрид.

Сите тие вечерва од 20:45 часот ќе бидат присутни меѓу 30-те илјади „среќници“ на арената „Филип Втори“ кои во живо ќе може да го следат мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во борба за трофејот на УЕФА Супер купот.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри