Фенербахче ги крева стандардите – Зидан ќе биде нов тренер?

Од:

Сезоната практично сè уште не е ни започната, а Фенербахче остана без тренер.

Неуспехот во плејофот за Лигата на шампионите против Бенфика беше фатален за Жозе Мурињо. Португалскиот стручњак беше отпуштен, а гигантот од Босфор почна да бара нов стратег.

Турските медиуми објавуваат дека Специјалниот“ на клупата на Фенербахче би можел да го наследи ни повеќе ни помалку – Зинедин Зидан.

Постигнат е прелиминарен договор, но остануваат одредени детали во врска со платата и деталите за договорот.

Наводно, Французинот е голема желба на претседателот на клубот Али Коч, кој нема да има проблем да го отвори кесето – само за да го убеди легендарниот Зизу да се врати на тренерската работа по цели четири години.

И додаваат дека Зидан всушност ја прифатил идејата во принцип, но дека сè сè уште не е договорено.

Претходно, клубот не постигна договор со Лучијано Спалети. Во оптек беа и Доменико Тедеско, како и Анте Постекоглу, како и локалниот стручњак – Исмаил Картал.

Би можело да ве интересира

Митровиќ близу до потпис со Фенербахче

А1он

Мурињо: Секој ден одам во ноќни клубови во Истанбул

А1он

Галатасарај го обвини Мурињо за расизам, најавија и кривична постапка

А1он

Словенецот Славко Винчиќ ќе ги смирува страстите на турското фудбалско дерби Галатасарај – Фенербахче

А1он

Фенер му го раскинаа договорот на Озил, тој веднаш потпиша за Башакшехир