Мурињо: Секој ден одам во ноќни клубови во Истанбул

Од:

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо одговори на критиките на турските медиуми.

Легендарниот стратег се најде на удар на критики поради лошите резултати на неговиот тим. Медиумите тврдат дека Португалецот постојано го менува составот на тимот, а тој има подготвен одговор.

– Имам 25 монети, ги фрлам во воздух. Оние кои остануваат на маса играат, а оние кои ќе паднат на подот одат на клупа. Тоа го правам едноставно вака – изјави Мурињо.

Сепак, факт е дека тренерот 31 пат испрати поинаков стартен состав на натпреварите.

Тој беше прашан за кондицијата на тимот.

– Се забавувам во текот на неделата. Секојдневно одам во ноќни клубови во Истанбул, а кога е време да го изберам тимот, фрлам парички со ликовите на играчите – заврши Мурињо.

Фенербахче моментно ја зазема втората позиција со 24 победи и шест порази, а Галатасарај е прв со уште три триумфи.

Би можело да ве интересира

Шпанците потврдија – Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид

А1он

УЕФА го казни Фенербахче со 10 милиони евра поради измама околу платата на Актуркоглу

А1он

Уапсен е претседателот на Фенербахче – позитивен е на кокаин

А1он

Фенербахче ги крева стандардите – Зидан ќе биде нов тренер?

А1он

Жозе Мурињо доби отказ

Митровиќ близу до потпис со Фенербахче

А1он