Федерер останува прв на АТП листата

Од:

Само една промена, меѓу најдобрите десет светски тенисери, во однос на минатата недела, има на најновата АТП листа.

Аргентинецот Хуан Монако, кој во неделата го освои турнирот во Хамбург, направи скок за четири места и сега се наоѓа на десеттата позиција на АТП листата.

Прв на листата е Роџер Федерер, Швајцарецот има 11.075 бодови, 75 повеќе од Новак Ѓоковиќ, трет е Рафаел Надал, а на четвртото место се наоѓа Енди Мареј.

Топ 5 на најдобрите тенисери завршува со уште еден Шпанец, Давид Ферер. Зад него следуваат Жо-Вилфред Цонга, Томаш Бердих, Јанко Типсаревиќ, Хуан Мартин дел Потро и Хуан Монако.

Американецот Енди Родик, кој го освои турнирот во Атланта, со што ја освои 32-та титула во кариерата, оваа недела направи најголем скок, од пет места и сега е 22-ри на АТП листата.

Најдобар ранкинг од македонските тенисери има Томислав Јотовски кој се наоѓа на 980-то место на листата.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест