Федерер оди на одмор?

Од:

Најдобриот тенисер на светот Роџер Федерер рече дека му е потребен одмор и дека не знае дали и уште колку турнири ќе игра до крајот на сезоната.

Првиот рекет има 1355 бодови повеќе од Новак Ѓоковиќ, а до крајот на сезоната би требало да игра на Мастерсот во Шангај и Париз, турнирот во Базел и завршниот Мастерс куп во Лондон.

„Одмор ми е многу потребен. Уморен сум и исцрпен и потребно ми е да се одморам и да видам што понатаму. Не сум одлучил за остатокот од сезоната, но морам да одлучам кој турнир ми е важен“, изјави Федерер.

Швајцарецот би требало да ги брани титулите во Париз, Базел и Лондон, а сосема е извесно дека во Шангај нема да игра.

Минатиот викенд Швајцарија ја совлада репрезентацијата на Холандија во борба за место во светската група на Дејвис купот, а Роџер на својот тим му донесе два бода.

„Дејвис купот за мене не е приоритет. Поважно ми е да бидам со своите соиграчи, уживам кога сум со нив, тоа се моите најдобри пријатели“, додава Федерер.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен