Швајцарецот Роџер Федерер изјави дека Новак Ѓоковиќ го заслужува епитетот „фаворит“ на последниот Грен слем сезонава.
Федерер на стартот на US Open без проблем го победи Доналд Јанг со 6:3, 6:2, 6:4.
„И понатаму мислам декa Новак е фаворит овде“, изјави Федерер по првата победа во Њујорк.
„Тој е бранител на титулата, освои повеќе титули од останатите играчи на тврда подлога минатата година, а исто така ме победи овде во последните две години“, додаде Швајцарецот.
Федерер беше исклучително задоволен по победата во првото коло.
„Мислам дека ова е добар старт во исклучителнo тешки услови“, рече Федерер и додаде „Доналд е талентиран тенисер, никогаш претходно не сум играл против него и задоволен сум“.