Европол води истрага против два фудбалски клуба од Црна Гора

Од:

Портпаролот на германската полиција Гвидо Менг денеска изјави дека Црна Гора е една од државите на кои Европол води истрага за местење фудбалски натпревари, но одби да соопшти повеќе детали.

Менг за весникот „Дан“ изјави дека Црна Гора е една од земјите на кои се однесува истрагата, но одби да соопшти повеќе детали. Според весникот осомничени се два црногорски клубови.

Фудбалската федерација на Црна Гора соопшти дека нема информации дека на црногорските терени имало местење на натпревари.

Европол вчера објави дека е откриена криминална мрежа која наместила резултати на 380 натпревари во над 30 земји, вклучително и Лигата на шампионите и квалификациските натпревари од светското првенство.

Според англиските медиуми фудбалскиот натпревар меѓу Ливерпул и унгарскиот Дебрецен во групната фаза на Лигата на шампиони во 2009 година еден е од двата дуели од европското елитно клупско натпреварување за кои постои сомнеж дека е наместен.

Натпреварот заврши со победа на Ливерпул од 1:0, а британскиот таблоид „Сан“ пренесува дека голманот на унгарскиот тим и тогашен репрезентативец на Црна Гора Вукашин Полексиќ примил поткуп за натпреварот да заврши со најмалку три гола.

Полексиќ подоцна беше суспендиран на две години бидејќи не пријавил дека натпреварот меѓу Фиорентина и Дебрецен, кој заврши со резултат 4:3, исто така, бил наместен.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време