Естонија противник на Македонија во финалето на Европската лига

Од:

Репрезентацијата на Естонија ќе биде противник на Македонија во финалето на Европската одбојкарска лига.

Ова е исходот по вториот меч од полуфиналето, одигран на завршниот „Фајнал-фор“ турнир во бугарскиот град Варна, во кој Естонија ја победи домашната селекција на Бугарија со 3-2 во сетови (25:18, 15:25, 25:19, 14:25 и 17:15).

Претходно, во првиот меч од полуфиналето Македонија беше подобра од Австрија со 3:2 во сетови.

Така во недела од 17 часот, во финалето ќе играат Македонија и Естонија.

Како предигра на финалето, ќе се игра и мечот за 3.место во кој ќе се сретнат Австрија и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“