EП: Македонската ракометна репрезентација со гол во последната секунда ја совлада Романија 24:23

Од:

Македонската ракометна репрезентација достоинствено, со победа ја заврши групната фаза на Европското првенство.

Пулените на селекторот Кире Лазаров пред малку во Хернинг (Данска) ја совладаа Романија со 24-23 (13-9).

Иако речиси комплетните шанси за прогрес во следната фаза се загубени (постојат само теоретски ако Данска ја совлада Португалија со 18 гола разлика), сепак ова беше важен триумф за „црвено-жолтите“ затоа што ќе бидат во пол-позиција пред ждрепката за Светското првенство 2027 година.

Крилото Костески е нашиот херој, тој со гол во последната секунда донесе прва победа на Македонија на првенството.

Во таборот на Македонија најдобар стрелец беше капитенот Филип Кузмановски со девет постигнати голови, а втор по него е Костески со четири гола.

По три постигнаа Ѓоргиев и Митев.

Кај противникот Нистор броеше до осум гола.

Би можело да ве интересира

Данска е минато, ракометарите денеска одмораат, па утре со сите сили на Португалија

А1он

Почнува европското првенство, македонските ракометари утре против Данска

Манасков не се враќа во репрезентацијата: Моите односи со селекторот Кирил Лазаров се нарушени

А1он

Македонските ракометари добија тешка група на ЕП 2026

А1он

Македонија ја совлада Литванија во Скопје и се пласираше на ЕП 2026

А1он